До утрово, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворено, од кои седум се сѐ уште активни. Три пожари се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите на планината Голем Готен и Малешевските планини, во прилепското село Бешишки Рид, со крак кон село Градежница во Новаци и крак кон границата со Грција.
Гори и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, како и во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци.
Во Македонски Брод гори меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа. Во Македонска Каменица во селото Ќосевица. Во Чашка во селото Ореше и во кичевското село Горно Црско.
Под контрола се пожарите во селото Грешница во Македонски Брос, во селата Драгоево и Селце во Општина Штип и во карбинското село Јунизлија.
Под контрола се пожарите во с. Грешница во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде што гори шума.
Денеска се очекува пристигнување на хеликоптер за гаснење пожари од Чешка, како и тим од 50 словенечки пожарникари со сопствена опрема и возила.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и можност за грмежи, што може да помогне во справувањето со дел од пожарите.
