Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, вели дека активни се девет пожари на територијата на државата, а дел се гаснат со „ер-тракторите“.

На социјалните мрежи осамнаа фотографии кои наводно се направени од сателит и на кои се гледа чадот од пожарите во Македонија.

„До овој момент до Дирекцијата се стигнати повеќе барања за активирање на воздухопловите за помош од воздух за гаснење на пожарите. Активни пожари има на Попова Шапка и на Бистра, кај Крива Паланка, Македонски Брод, Чашка, Кавадарци, Крушево, Прилеп, Гевгелија на граничниот појас со Грција. Со оглед на временскиот период од годината и сувaта вегетација, опасноста од пожари е поголема. Пожарите кои се активни во моментов се од несовесно однесување, односно намерно палење на шумски предели и пасишта, и 100 отсто причината е човечки фактор“ ,вели Џафероски во изјава за „24инфо.мк“.