Активистите потсетуваат: Подгответе топли засолништа за бездомните мачки

Фото: Маја Поповска

Активистите од Здружението за згрижување на бездомни мачки, „Енџелкетс санктуари“ се обратија до јавноста со совет во кој споделуваат искуство како едноставно да се направат топли куќарки за мачки за да се заштитат од ладното време.

„Студот во септември нè изненади. Но, како и да е, на бездомните мачки им треба засолниште. Пред куќа, пред зграда, направете нешто. Пружете им топло засолниште. Еве една од многуте идеи како да ги заштитите од студот. Грижете се за невидниливите соседи“, рече Маја Поповска од „Енџелкетс“ потсетувајќи на техниката за иработка на куќарки од пластични кутии кои не се скапи.

 

Поповска потсетува и дека стерилизацијата и кастрацијата е многу важна за да се спречи неконтролираното размножување на бездомните животни.

„Мачките ни требаат нам, а ниие на нив. Нè чуваат од глувци и други штетници. Чувајте ги и стерилизирајте ги овие мили соседи“, апелира Поповска.

Инаку, Здружението „Енџелкетс санктуари“ минатата зима, со мал грант од Цивика Мобилитас и помош од ентузијастите изработија 60 куќички за бездомни мачки кои ги обележија со налепници и ги споделија на активистите.

Возрасен маж се прошета во Тафталиџе и си се „почести“ со две кутии за бездомни мачки

Исто така, неодамна објавија и видео со социјален експеримент со цел да се подигне јавната свест против насилството врз бездомни животни, вклучително и мачки.

[ВИДЕО] Социјален експеримент за насилство врз бездомни мачки