Активисти поставија табли пред банките во Тетово со пораки за дистанца и заштита од Ковид-19

Група уметници и активисти поставија табли пред банките во Тетово со пораките „Носи медицинска маска!“, „Мијте ги рацете!“, „Држете дистанца од 2 метри!“.

Активисти посочуваат дека во соработка со банките бараат решенија за да се надминат проблемите од деновиве, кога редици граѓани чекаа исплатата на пензии и социјална помош. 

„Поради новите мерки за ограничување на движењето, во Полошкиот регион долги редици на граѓани беа пред банките. Бројката на луѓе кои чекаат ред без социјална дистанца достигнува и до педесет лица. Уметничката акција „Заштити се и заштити ги и другите” изработена од група уметници, активисти, апелира граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само кога е неопходно и притоа да внимаваат на времето и ограничувањата за движење,“ се вели во соопштението.