Актерот Рајан Ренолдс којшто сега е најпознат по улогата на Deadpool во истоимените филмови, направи комично видео околу околу играта која што беше најавена „Deadpool VR“. Видеото спесифично е посветено кон актерот Нил Патрик Харис поради тоа што тој ќе го дава гласот на Дедпул во новата игра. Ренолдс го направи ова комично видео од причина што таа е меѓу најпознатите негови улоги.
Ренолдс употребува референци од претходни улоги на Нил Патрик Харис, како што е неговата најпозната во ситком серијата “How I met Your Mother” каде го игра ликот Барни.
Но пародијата што ја прави Ренолдс е рефернцирана со подоцнежна во кариерата и повторно популарна улога на Харис во ситком-серијата @Doogie Howser, MD# каде овој актерот игра лик на „тинејџер-доктор“.
Играта е направена и наменета да се игра со уредот за Виртуална Реалност „Мета Квест 3. Нил Патрик Харис толку добро го имитира гласот на Ренолдс што едвај по интонацијата се приметува дека не е тој.
Играта е крвава и насилна, но и во стилот на самиот лик создадена да биде смешна, сепак хуморот не е ни приближно успешен како во филмовите на Рајан Ренолдс. A за најновиот „Дедпул“ филм каде што и се појавува и актерот Хју Џекмен во улога на „Вулверин“ како спореден лик, кој излезе лани ова време имаме и претходен напис што може да го прочитате овде.