Фото: Принтскрин од Јутуб видеото на Инсајдер

Српската актерка Данијела Штајнфелд пред Вишото јавно обвинителство во Белград откри дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија Бранислав Лечиќ ја силувал. Како што објави nova.rs, таа претходно во документарниот филм „Излечи ме“ откри дека е силувана од еден моќен човек од филмската индустрија и при соопштување на информацијата, објавени се неколку секунди од разговорот на Данијела и Лечиќ. Аудио запис од разговорот вчера објави Инсајдер.

Четириест дена по трауматичниот настан актерката заминала во САД, кога ѝ се појавиле психички проблеми и помисла за самоубиство, по што докторите ѝ дијагностицирале посттрауматски синдром што е доказ за преживеана траума.

Инаку во јануари годинава, Штајнфелд на Твитер напиша дека „до обвинителството доставила видео снимка пред три месеци“ во кое мажот кој ја силувал признава дека тоа го сторил.

Таа го напиша тоа одговарајќи на еден од коментарите на Твитер дека би било добро да го каже името на дотичната личност, бидејќи Милена Радуловиќ јавно рече дека ја силувал Мирослав Мика Алексиќ, сопственикот на школата за глума.

На видеото што го објавија медиумите, откако Даниејла го прашува човекот кој ја силувал дали се сеќава дека плачела и не сакала да биде сама со него, дека се чувствува загрозена, дека ќе каже „не“, тој ѝ одговорил:

Можам да разберам, но тоа е голема грешка! Моето изразување на нежност не е израз на непочитување, тоа е ваше достигнување! Тоа е за чест, а не за чувство на закана. Искрено ти кажувам. Како да ставам сексуален орган во некој што не го почитувам? Да се ​​понижи, да се потцени? Напротив, го правам тоа со личност која ја заслужува мојата наклонетост! Дали имате идеја кој сум јас?!“Данијела Штајнфелд во емисијата Пресинг на телевизијата Х1 со Југослав
Ќoсиќ рече дека не можела да го пријави силувањето затоа што, кога се обидела да им се довери на некои блиски луѓе, имало импликација дека можеби е виновна за тоа.

Данијела тогаш изјави дека не сака јавно да го открие името на лицето во документарниот филм кое ја силувало бидејќи тоа ќе го насочи целиот фокус на насилникот.

„Ако сакав да го кажам името на мојот силувач, бидејќи тоа е мој сопствен филм и продукција, би го сторила тоа во филмот. Причината што не го именував силувачот во филмот е едноставна. Ако го кажам името на оној што ми го направи ова, целиот фокус на филмот ќе се сведе на мојот силувач. Филмот има мисија да привлече внимание кон позицијата на жртвата“, рече Данијела во Пресинг.

Актерката посочува дека е важно да се знае дека секоја жртва најчесто е нападната од некој што е во нејзината околина и кого самата жртва го познава, почитува и верува, што е факт кој тешко се зима предвид.

По повод обвинувањата од страна на актерката, Лечиќ рече дека е спремен да одговора во Обвинителството.

„Апсолутно ги почитувам законите и правните институции на оваа држава и подготвен сум во било кој момент да одговарам во Обвинителството на ваквите обвинувања. Се работи за гнасна лага која ме дискредитира“ наведува Лечиќ во соопштение.