Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Во мај синдикалната кошница достигна речиси 64.000 денари, со најголемо зголемување кај храната и пијалаците. Ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се покачуваат на безмалку 80.000 денари

-

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај изнесува 63.908 денари, што е зголемување од 1.217 денари во однос на април. Најголемо зголемување има кај храната и пијалаците – речиси 1.000 денари повеќе во споредба со минатиот месец.

Ако семејството живее во изнајмен стан, минималните трошоци се уште повисоки и достигнуваат 79.283 денари.

„Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а особено основните прехранбени производи прават огромен притисок врз ниските плати на работниците. Јасно е дека се потребни зголемувања на платите“, порачуваат од ССМ.

Синдикатот бара зголемување на минималната плата на 30.000 денари и на останатите плати за најмалку 1.000 денари. Но, Владата досега не одговорила на овие барања. Позицијата на извршната власт е дека зголемувањата треба да произлезат од дијалог меѓу синдикатите и работодавачите.

Паралелно со синдикалните барања, Владата најавува креирање на „нова, просечна потрошувачка кошничка“, која треба да ги прикаже трошоците на тричлено наместо на четиричлено семејство и ќе се споредува со просечната плата во земјава. Мерката е дел од владината кампања „Се грижиме“ и треба да служи како индикатор за реалната куповна моќ на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека новата методологија ќе биде пообјективна и ќе се базира врз официјални податоци од Државниот завод за статистика.

ССМ жестоко ја критикуваше оваа најава, предупредувајќи дека Владата сака да ја „редизајнира реалноста“ со нова кошничка која ќе прикаже пониски трошоци за живот, наместо да се справи со растечката сиромаштија и ниските плати.

„Владата преку нова методологија ќе ја замени реалната слика за животниот стандард на граѓаните со статистички манипулации“, реагираа од синдикатот, предупредувајќи дека кошничка за тричлено семејство ќе ја потцени реалната економска ситуација.

ССМ отворено ја обвини Владата за игнорирање на социјалниот дијалог, а Владата возврати дека синдикатите делуваат со политички мотиви. Според последните сигнали од Владата, преговори со синдикатите не се исклучени, но тие би се воделе во рамките на економско-социјалниот совет, со вклученост на работодавачите.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...