fbpx

Ако нешто се случи, вината е на судијата и на правосудството

-

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смета за опасна одлуката на правосудството да се укине неговата уредба со која им се забранува влез на граѓани на седум држави (Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен) во САД.

„Не можам да поверувам дека судија ја става нашата земја во таква опасност. Ако нешто се случи, обвинете го него и правосудниот систем“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој во друга порака потоа додаде дека дал инструкции до министерството за внатрешна безбедност да ги контролираат сите лица што доаѓаат во САД. Тој додаде дека судовите во САД ја отежнуваат оваа задача.

Неговите пораки алудираат на одлуката на Апелацискиот суд кој го отфрли барањето на неговата администрација итно да се врати на сили неговата уредба за забрана за влез во САД за бегалци и државјани на седумте земји со мнозинско муслиманско население.

Трамп го обвини судството дека ги отворило вратите на САД за потенцијални терористи и за многу лоши и опасни луѓе, кои сега, како што рече, се многу среќни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...