fbpx

Ако Македонија е во војна, ќе се борат 38 отсто од Македонците

-

Триесет и осум проценти од граѓаните на Република Македонија се подготвени да се борат доколку земјата е во војна, наспроти 25 проценти од граѓаните на државите од Западна Европа, покажуваат резултатите од глобалното истражување спроведено во 64 земји, од страна на „ВИН-Галуп интернешенел“, со вкупно 62.398 испитаници, меѓу кои и во Република Македонија. Истражувањето е спроведено во ноември 2014 година од истражувачката агенција БРИМА, членка на „ВИН-Галуп интернешнел“ и дел од ТНС.

Истражувањето покажува дека има разлики во подготвеноста на граѓаните за одбрана на својата земја во нашиот регион. Така, Бугарија е на најниско ниво со 25 проценти, па Македонија со 38, Србија со 46, Грција со 54 проценти, Босна и Херцеговина со 55 и најподготвени за одбрана на својата земја се граѓаните на Косово со 58 проценти.

Според резултатите од истражувањето направено на терен од септември до декември 2014 година, во секоја земја, со анкетирани 1.000 мажи и жени, лице в лице, забележителна е значителна разлика во однос на ставовите на граѓаните во земјите од Источна и од Западна Европа. Двапати повеќе испитаници од Источна Европа, односно 54 проценти, се подготвени да се борат за својата земја во однос на оние од Западна Европа, кои се 25 проценти. Сепак, најзабележителна е разликата кај земјите од Среден Исток и од Северна Африка, кои во 83 проценти покажуваат подготвеност за борба за сопствената татковина.

На глобално ниво, 52 отсто од жените испитаници во ова истражување се подготвени да се вклучат во одбрана на својата земја во случај на војна, во споредба со 67 проценти мажи.

Во Македонија таква подготвеност искажале 33 проценти од жените и 43 отсто од мажите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...