fbpx

Ако има едно дете позитивно на ковид-19 во одделението, епидемиолог ќе одлучи дали цело одделение ќе оди во карантин

-

Наставата од претстојната учебна година, планирано да започне да се изведува онлајн, а родителите на децата од прво до трето одделение ќе имаат право на избор, дали да ги пуштат на училиште со физико присуство, или и тие да ги следат часовите од дома. За ова информираа на прес-конференција министрите за здравство и за образование и наука Венко Филипче и Арбер Адеми. Филипче за „Мета“ вели дека онаму каде што ќе има настава со физичо присуство, а се појави случај на дете во одделението позитивно на ковид-19, тогаш епидемиолог со анкетен прашалник ќе процени дали целото одделение со наставникот ќе оди во карантин.

– И покрај тоа што целта е децата да се вратат на училиште, мора да бидеме максимално свесни и да се намали ризикот од ширење на вирусот и образовниот процес да биде безбеден. Не смееме да го занемариме здравствениот аспект. Имајќи предвид искуства од други земји, наша препорака е – училиштата да започнат со онлајн настава со два исклучоци, едниот за децата од 1 до 3 одделение. Кај малите деца инциденцата е најмала и имаат сосем лесна форма на болеста или се асимптоматски носители. Сепак, по барање на родителот, и тие ќе можат да следат часови онлајн. Разговоравме со родители, решивме да дозволиме да има избор, а причина е што во одредени семејства имаат родители што се хронично болни. Децата се чуваат дома од повозрасни кои исто може да се болни и на тој начин семејството да биед ставено во ризик. И вториот исклучок – онаму каде што има мал број на деца во класови, согласно епидемиолошката состојба, училиштата да добијат дозвола наставата да ја организираат со физичко присуство – информира министерот Филипче.

Согласно новите правила, во училницата не треба да има повеќе од 20 деца, децата треба да се на растојание од 1,5 метар, да носат маски, а наставникот цело време треба да биде со нив. Треба училиштните раководства да овозможат да не се сретнуваат две групи деца при влез и излез.

Министерот Адеми кажа дека по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ставот на МОН е дека новата учебна година ќе започне преку средства за екектронска комуникација

– Веќе наставниите снимаат видео-лекции, се прикачуваат на платформата Едуино и во периодот што следи ќе има теми и материјали кои се во согласност со програмата што треба да се усвои во првото тримесечие, односно полугодие. Ќе се обезбедат ИТ уреди за секоја училница и за децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, иако досега имавме донатори кои обезбедија ИТ уреди во изминатата учебна година. Ова беше тешка одлука за која беа потребни консултации, за да дојдеме до најбезбедното решение, но во исто време да внимаваме и на квалитетот на обрзаовниот процес. Се очекува одговорен пристап од сите – рече Адеми.

Времетраењето на часот во моделот за организирање на наставата со физичко присуство, е скратен за 20 минути. Наместо 40, ќе трае 30 минути.

– Но за да ова биде имплементирано заедно со планот согласно дешната одлука на Владата, е неопходно да имаме законски измени. Ќе се остави можност МОН да ја организира наставата согласно епидемиолошката состојба. Ние веќе укажавме дека може да дојде до одложување на почетокот на новата учебна година – додаде тој.

Кажа дека Едуино е првата национална платформа каде има лекции согласно наставните програми и истата се пролагодува пак да се употребува во рамки на училиштата. Но, додаде Адеми, ќе се работи и на друга унифицирана платформа која ќе се применува на ниво на држава.

– Не верувам дека ќе имаме проблем имајќи ја предвид широката лепеза на платформи кои можеме да ги искористиме – рече министерот.

Филипче информираше и за состојбата со ковид-19 во нашата земја. Кажа дека согласно анализата на Институтот за јавно здравје, во периодот од 10 до 16 август направени биле 11.605 тестирања, односно 2.062 повеќе споредено со претходната недела.

– Во тој период имаме 902 нови позитивни случаи во 29 градови. Најголем дел се од Скопје и Куманово. Минатата недела сме имале 17 смртни случаи, што е намалување за 32 отсто во однос на претходната недела. Состојбата со епидемијата е стабилна и состојбата со болничките капацитети. Намален е бројот на хоспитализации на Инфективна клиника и во „8 Септември“ – рече Филипче.

Тој истакна дека се прават подготовки за есенските месеци.

– Ситуацијата може да се искомплицира зашто тоа е вообичаено сезона на респираторни заболувања. Почнавме со надградба на капацитетите за третман на пациенти. Мора да се подготвуваме за полоши сценарија, но ако се придржуваме на мерките, овие лоши сценарија може и да не се случат – додаде Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...