fbpx

Ако има блокада кај Дом на печат, автобусите на ЈСП ќе возат по изменет сообраќаен режим

-

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека денеска, во период од 10 до 12 часот, во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменети траси ќе сообраќаат линиите 3, 3А, 3Б, 50 и 50А. Во насока од Рекорд кон Дом на печат, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе вртат лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама.

Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ кон центар, ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 23, 27, 33, 41А, 43, 44 и 57А, во насока од Рекорд кон Клинички центар, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќаат назад на постојката кај АМСМ, таа ќе биде почетно/крајна постојка за овие линии.

Во обратна насока, од постојката кај АМСМ по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кон Рекорд и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси. Линија 5 – во насока од Рекорд кон Козле, на раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, десно по улица „Васил Ѓоргов“ и ќе продолжува до Козле. Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.

Линија 5 А во насока на Клинички центар, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќа назад и почетно/крајна постојка ќе биде на првата постојка према Ѓорче Петров. Линија 9 во насока на Клинички центар, по постојката кај Југодрво ќе врти десно на улица „11 Октомври“ до Рекорд, кај раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар. Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...