fbpx

Академик Љупчо Коцарев избран за нов претседател на МАНУ

-

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го избра новото раководство со мандат од четири години. Академик Љупчо Коцарев од јануари следната година ќе биде претседател на МАНУ, наследувајќи го академик Таки Фити.

МАНУ на Изборното собрание ги избра академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам за потпретседатели на академијата, додека за Научен секретар на МАНУ е избран академик Изет Зекири, соопштија од академијата.

За членови на Претседателството на МАНУ се избрани академиците: Катица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Новиот претседател на МАНУ е редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) при УКИМ. Љупчо Коцарев е избран за редовен член на МАНУ во 2007 година. Бил вработен и на Електротехничкиот факултет при УКИМ, а во својата богата професионална кариера е впишано и неговото работно искуство како дел од тимот на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...