fbpx

Ајова: Возачка дозвола во форма на мобилна апликација

-

Сојузната американска држава Ајова објави дека наскоро нивните возачки дозволи ќе бидат достапни и во облик на апликација за паметни телефони.

Граѓаните на Ајова и понатаму ќе можат да ги користат стандардните возачки дозволи, но во текот на 2015 година ќе бидат достапни и во облик на апликација за паметни телефони. Апликацијата за возачка дозвола е проширување на веќе постојниот систем во кој повеќе од 30 американски сојузни држави овозможија предочување доказ за осигурување во електронски облик, доколку полицијата го запре возачот.

Засега нема многу детали за самата апликација и за нејзината техничка изведба. На првите слики се гледа апликација на „ајфон“, а се верува дека ќе биде достапна и во верзија за „андроид“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...