АХВ во контрола на старските домови: Дел воопшто не биле регистрирани, инспекторите уништиле 40 килограми храна

Со контролите било утврдено дека од 41 домови за стари лица, 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ

Фото: АХВ

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава.

Со контролите било утврдено дека од нив 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.

Како што извести АХВ, издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, од кои кај 4 домови за стари лица за незадоволителни хигиенски барања, а кај три било утврдено дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.

Во пет домови за стари лица била запленета и уништена 40 килограми небезбедна храна, а изречени се парични кази за 18 оператори.