АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност

-

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. Четири од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.

Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна.

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека...