АХВ: Се засилуваат контролите на увезените пратки со овошје и зеленчук од сите земји

Од АХВ велат и дека под засилен инспекциски надзор е ставен увозот на сите пратки со изворска минерална вода, како и безалкохолни пијалаци од Косово, откако претходно бил добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од оваа земја

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилува контролите на пратките со овошје и зеленчук кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли, велат од таму, ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи (остатоци) од пестициди, со акредитирани методи, од секоја пратка.

Мострите ќе се земаат на инспекциските места при увоз, а пратките нема да се пуштат во промет се до добивање на резултат со кој ќе се потврди безбедноста на производите.

Од АХВ велат и дека под засилен инспекциски надзор е ставен увозот на сите пратки со изворска минерална вода, како и безалкохолни пијалаци од Косово, откако претходно бил добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од оваа земја.

„Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде во една пратка, со лабораториска анализа утврдено е присуство на аеробни бактерии“, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

“За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување на микроорганизми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, додаваат од таму.

 

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...