Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

Од АХВ велат дека ја следат состојбата дека и доколку се јави потреба навремено ќе се реагира.

Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата добила писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ.