АХВ ја забрани за употреба водата во струмичко

Агенцијата за храна и ветеринарство добила известување дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба. Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.

Ваквиот чекор доаѓа откако Агенцијата добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба. Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

Како што соопштија од АХВ, на јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем.

Истрага против 28-годишник од тетовско за обид за убиство на малолетник

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истрага против едно лице за кривично дело Убиство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот 28-годишник, во четвртокот (26 септември) во фабрика...