Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупреди да не се користат автоматите за кафе и автоматите за вода поставени на јавни површини, без разлика дали на отворено или во затворен простор. Од АХВ велат дека препораката се однесуваат и на сите фирми или институции во кои има вакви апарати, а пристап до нив има поголема група луѓе.

Препораката е во рамките на мерките за заштита od болеста Ковид-19 и заради спречување на ширењето на нејзиниот предизвикува, новиот корона вирус.