fbpx

Ахмети: Повеќето барања на албанските партии се вклучени во владината програма

-

„Ги споредивме програмите на албанските политички партии и констатиравме дека дел од тие програмски определби веќе се вклучени во програмата на новата влада. Останува вo иднина овие средби да продолжат да се одржуваат“, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на средбата на албанските политички парламентарни партии во хотелот „Александар палас“.

На состанокот не беа присутни претставници на Беса, а Ахмети апелираше до нив да номинираат претседател на постојаната собраниска Комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот за таа да почне да функционира и да се решаваат случаите како „Диво Насеље“, „Монструм“ и „Бродец“.

Како одговор на новинарско прашање околу тоа што е прифатено од точките побарани од албанските партии, Ахмети посочи дека едно од барањата било практика на средби со соседите и дека резултати од тоа веќе има.

– Сите овие процеси се заеднички и ние треба храбро да дејствуваме како политички партии, а и опозициските партии треба да го почитуваат Договорот од Пржино – додаде Ахмети.

Луан Треси од ДПА рече дека потписниците на албанската платформа се изјасниле дека преку неа ќе овозможат унапредување на правата на Албанците и дека затоа претставниците на ДПА решиле да учествуваат на состанокот и да видат до каде е напредокот.

– ДПА како опозициска партија ќе поддржи каква било иницијатива во институциите што се однесува на унапредување на правата на Албанците и за сите прашања што се во врска со евроатланските процеси – изјави Треси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...