fbpx

Ахмети: Концептот на поделби е штетен за Албанците

-

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската унија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија „Т7“ рече дека „нема Албанец кој не ја сака Албанија и кој не сака национално обединување“, но дека работите се многу сменети од 90-тите години на минатиот век.

– Албанците сега треба да тежнеат да се обединат во Европа, со интегрирањето на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Европската унија. Друга алтернатива нема. Ниту за Албанците, ниту за нашите соседи – рече Ахмети.

Говорејќи за идеите за територијални поделби, лидерот на ДУИ рече дека „концептот на поделби е штетен за Албанците“.

– Во прв ред, немаш како да делиш. Не можеш да ги делиш границите ниту со конец, ниту се лењир – рече Ахмети.

За таканаречената „Голема Албанија“, лидерот на ДУИ вели дека тој концепт на Албанците им го импутираат другите, пренесува МИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...