fbpx

Ахмети изјави дека „фрлил бомба“ кај Иванов, Села и Касами тивки

-

„Каде претседателот ќе го однесе, клучот е кај него. Јас ја имав „бомбата“, да кажам симболично, и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде ќе ја фрли тој“, одговори на новинарско прашање лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната консултација во кабинетот на претседателот на Република Македонија, пренесе „Алсат – М“.

Тој порача дека дека сите треба да придонесат за излез од кризата и за наоѓање одржливо решение за иднината и за стабилноста на државата и нагласи дека сите опции за формирање нова влада се отворени.

– Имавме средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов на која бевме информирани за целиот процес на доаѓањето до едно решение на нашите прашања и како да стигнеме до парламентарно мнозинство затоа што одговорност на сите нас е да најдеме прифатливо решение за да имаме стабилни институции и понатаму да менаџираме со државата – изјави Ахмети по средбата со претседателот Иванов.

Пред него на одвоени средби кај Иванов беа и лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села. Тие не дадоа изјави за медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...