Ахмети испратил писма до меѓународни лидери во кои ги повикува на заедничка акција за заштита на Охридскиот договор

Писмата се испратени до премиерите и претседателите на Албанија и Косово, државниот секретар на САД Ентони Блинкен, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

-

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, испратил писма до неколку меѓународни лидери, во кој посочува дека тој е загрижен за најновите политички случувања во државата со кои, како што тој вели, се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во државата, соопшти ДУИ.

Ахмети истакнува дека плановите за укинување на клучните одредби на Законот за употреба на јазиците, забраната за идентификација на етничката припадност во државните институции и формирањето на политичко мнозинство без праведна застапеност на етничките заедници се најзагрижувачките случувања во државата.

Писмата биле испратени до претседателот и премиерот на Република Албанија, односно Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Република Косово, односно Вјоса Османи и Албин Курти, канцеларот на Германија Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

„Вознемирувачките планови, кои беа најавени од самата Влада, дека Уставниот суд планира да ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, коишто го утврдија Албанскиот јазик како службен јазик според Амандманот 5 на Уставот, претставуваат сериозен удар врз Охридскиот договор, еднаквоста, меѓуетничката хармонија и стабилноста во земјата“, вели Ахмети.

Потоа, Ахмети ја посочува одлуката на Уставниот суд која се однесува на „Балансерот“. Според Ахмети, станува збор за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции, што се коси со принципот на колективни права на етничките заедници. Ахмети тврди дека со тоа се поништуваат основните механизми на балансер и принципот на Бадинтер.

Конечно, Ахмети тврди дека основниот принцип на Охридскиот договор, кој бара формирање на политичко мнозинство врз основа на праведната застапеност на етничките заедници, беше сериозно прекршен по последните избори.

„Ова дејствие не се однесува само на Демократската унија за интеграција (ДУИ), туку го загрозува принципот на праведна застапеност, гарантиран со Амандманот 6 на Уставот на Северна Македонија, кој служи како заштитен механизам против доминацијата на мнозинството над малцинствата“, пишува Ахмети.

Ахмети тврди дека не станува збор само за внатрешни политички прашања, туку дека истите имаат сериозни импликации за регионот и неговата стабилност. Според него, овие политички случувања се закануваат да ги укинат клучните елементи на мирот и еднаквоста,со што регионот би се вратил во условите кои беа причина за кризата и војната во 2001 година.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...