Агенцијата за разузнавање (АР) денеска во употреба ја пушти новата редизајнирана интернет-страница www.ia.gov.mk или www.ia.mk.
Како што информираат од Агенцијата, на новата интернет-страница се „содржани сите корисни информации за работата на Агенцијата за разузнавање и делокругот на нејзините надлежности“.
„Преку интернет-страницата на АР, граѓаните на Република Македонија имаат можност да доставуваат информации, поврзани со какви било закани по националната безбедност и интересите на државата. Во следниот период, на страницата ќе бидат продуцирани и нови содржини и аналитички информации, што ќе бидат од корист на научно-истражувачката заедница“, стои во соопштението од АР.
Од агенцијата додаваат дека целокупниот редизајн и техничката поддршка на новата интернет-страница е продуцуран од тимот за информатички технологии на Агенцијата за разузнавање.