fbpx

Агенцијата за млади и спорт ја повлече збирката со дискриминаторски содржини

-

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и се извини на јавноста и рече дека ќе биде повлечен тиражот на збирката „Млади поети“ кој се уште не е дистрибуиран, а во која се објавени две песни со контроверзна содржина.

-Во овие две песни има недолична содржина. Според мене, содржината дискриминира и шири говор на омраза и јас како директор на Агенцијата за млади сум против ваква содржина и го сметам за грешка. Агенцијата за млади ја почитува слободата на говор, но истовремено се противи на каков било говор на омраза и дискриминација базирана на родова, етничка или каква било друга основа – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Каевски, кој е потпишан како уредник на збирката, вели дека потписот го ставил за постапката, а не за содржината на песните.

-Не ми е јасно зошто јас како Дарко Каевски фигурирам како уредник на збирката. Ќе испратам официјално барање до фирмата да ми објаснат зошто донеле таква одлука, кога во претходните години директорот никаде не фигурирал како уредник. Исто така ќе испратам барање и до членовите на Комисијата, кои цело време се оградуваат да ми објаснат која е нивната задача, иако во решението убаво е наведено дека освен што треба да ги изберат најдобрите три песни, треба и да направат селекција на песните. Сега е најлесно сите да се оградуваат. А, после тоа ќе покренам обвиненија против сите што не си ја почитувале работата, а сега ме местат мене – истакна Каевски.

Тој додава дека ако тој бил доволно стручен, тој ќе ги избирал песните, немало потреба да биде формирана комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...