fbpx

Агенцијата „Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

-

Кредитната агенција „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед, соопшти Министерството за финансии.

„Потврдата на рејтингот се должи од една страна на спроведувањето на добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната политика, како и процесот на евроинтеграции. Од друга страна се негативните ефекти на Ковид-кризата врз економијата“, се вели во соопштението.

Кредитната агенција „Фич““ проектира пад на македонската економија во 2020 година за 5 отсто и опоравување на економијата во 2021 и 2022 година со раст од 3,9 отсто и 4,5 отсто, респективно. Очекувањата се дека во следниот период ќе се зголемат инвестициите и ќе зајакне приватната потрошувачка. Од „Фич“ наведуваат дека текот на опоравувањето ќе биде зависен од текот на здравствената криза, односно дали во земјата ќе има нови мерки кои ќе влијаат на затворање на капацитетите, но и каква ќе биде надворешната побарувачка со оглед на економскиот модел на македонската економија базиран на извозот од странските директни инвестиции во земјава.

„Очекувањата на кредитната агенција за буџетскиот дефицит за 2020 година се дека ќе изнесува 8,3 отсто од бруто-домашниот производ, што е малку пониска од владината проекција која изнесува 8,5 отсто од БДП. Тие наведуваат дека продлабочувањето на фискалниот дефицит се должи на дополнителниот четврт пакет на антикризни мерки, кои предвидуваат фискална поддршка на работодавачите за исплата на плати во четвртиот квартал од 2020 година, социјални трансфери и таргетирани даночни олеснувања. Кредитната агеција проектира дека буџетскиот дефицит ќе се намали догодина на 4,7 отсто и дека ќе продолжи да се намалува на среден рок. Државниот долг се очекува до крајот на годината да достигне 50,9 отсто, додека негова стабилизација се очекува во 2021 и 2022 година на 53 отсто од БДП“, стои во соопштението од македонското Министерство за финансии.

Од „Фич“ во однос на Предлог-буџетот за 2021 година го истакнуваат фактот дека за првпат се претставува повеќегодишен буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...