Африм Фидани изгласан за нов претседател на Врховен суд

Членовите на Судскиот совет при изборот дискутираа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, а со своето однесување и недоаѓање на седниците на Судскиот советм придонела дополнително да се намали довербата на граѓаните во судството и во Советот

-

Со 8 гласа „за“ и 5 „против“, Судскиот совет денеска го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховниот суд. Неговата противкандидатка, судијката Беса Адеми, која ја вршеше функцијата до февруари годинава, доби само 2 гласа „за“ и 11 „против“, што не беше доволно за повторен мандат.

На истата седница, Советот треба да избере и 10 нови судии за Апелациониот суд Скопје.

Членовите на Судскиот совет при изборот дискутираа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, а со своето однесување и недоаѓање на седниците на Судскиот советм придонела дополнително да се намали довербата на граѓаните во судството и во Советот. За судијата Африм Фидани дел од членовите рекоа дека е анонимен, неистакнат судија, но ја доби поддршката затоа што има конкретен акциски план за подобрување на состојбите во судството, со точно утврдени временски рамки.

Членот на Советот Тања Чачарова Илиевска, која е дел од Комисијата за избор, рече дека Адеми покажала арогантен однос, а Фидани ѝ оставил впечаток дека не ги познава состојбите во правосудството. Таа се изјасни дека нема да гласа „за“ за ниту еден од двајцата кандидати.

Весна Дамева рече дека не гласа за Адеми, туку за Фидани, оти цени дека тој има добра програма за работа како претседател на Врховниот суд.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...