fbpx

Aфлатоксин во недозволено количество пронајден во млекото „Милкано“

-

Од македонскиот пазар ќе се повлечат 20 тони небезбедно трајно млеко, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „Милкано“, увезено од Босна и Херцеговина, од продажба се повлекуваат 20 тони од трајното млеко со 3,2 отсто масленост, со сериски број/лот- LOT FD04, датум на производство 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023.

„Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година“, вели АХВ.

Во целокупната количина која е пласирана на пазарот, утврдено е присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.

„Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од Босна и Херцеговина го прифатат тоа, во спротивно, истото ќе биде уништено на депонијата Дрисла“, додаваат во Агенцијата.

Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информираше јавноста за ова постапување.

Сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба. Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „Милкано“ со наведениот лот и рок на употреба, да не го употребуваат, односно треба да го вратат на местото каде што е купен.

„Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]“, потсетува АХВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...