Аеродромскиот воз е приоритетен кај транспортните проекти за кои ќе бараме средства од ЕУ

-

Министерството за транспорт и врски го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во втората половина на 2019 година до Секретаријатот за Европски прашања ја доставиле индикативната листа за проекти од областа на транспорт, каде овој проект е ставен како приоритетен.

– Идентификувањето на потребите/проектите во оваа листа е предуслов за да може да се побарува финансирање од ЕУ или од другите меѓународни институции – истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ уште во октомври минатата година изјави дека е подготвено да биде носител на проектот за воведување на директна железничка врска меѓу центарот на Скопје и аеродромот. Сепак, за нејзина реализација ќе треба да се изработи физибилити студија и проектна документација, како и да се пронајдат финансии за проектот. Сите овие чекори за реализација на проектот ќе треба да се финансираат преку изнаоѓање средства од меѓународните финансиски институции.

Министерството за транспорт и врски веќе го вклучи проектот за воведување на аеродромски воз во Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година. Првичните проценки се дека за реализација на овој проект ќе бидат потребни 30 милиони евра. Со зафатот ќе треба да се изгради нов железнички крак од станиците Илинден или Миладиновци, како и железничка станица на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваше дека воведувањето на оваа железничка линија би им овозможила на граѓаните да патуваат до скопскиот аеродром двојно побрзо и за три до четири пати поевтино во споредба со актуелната автобуска линија. Воедно, аеродромскиот воз би можел да се користи и од локалното население и граѓаните кои работат во Илинден и Миладиновци за секојдневни патувања кон центарот на Скопје.

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Алиу: Правиме национална стратегија за унапредување на третманот на дијабетичарите и онколошките пациенти

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на...

Трамп вети дека ќе испрати повеќе оружје во Украина

Претседателот Трамп штотуку изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руската инвазија, тврдејќи дека неодамнешниот напад на Москва врз украинските градови...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката...