Адвокат од Австралија ја оставил кариерата за да развие „Скајрим“ мод – „Заборавениот град“

Скриншот од играта The Forgotten City
Скриншот од играта The Forgotten City

Ник Пирс, поранешен адвокат во угледна адвокатска канцеларија во Австралија, ја напуштил работата за да го развие својот “Скајрим” модм од што подоцна развива и посебна игра наречена „Заборавениот град“ (Forgotten city).

Иако, како што вели Пирс, колегите му се чуделе и го советувале да се посвети на адвокатурата, тој не се откажал од својот сон да направи игра. Всушност, софтверот за модирање на „Скајрим“ е релативно лесен за користење и може веднаш да се вметнуваат ликови и дијалози па дури и да правите свои амбиенти и околини. Затоа и Ник Пирс можел да го прави модот без никакво претходно искуство во програмирање или развивање на игри. Откако потрошил, како што вели тој, 17.000 часа на развивање на модот, сфатил дека ќе му треба помош од професионалци. 

Иако и самиот имал напишано роман за стар Рим -што и е периодот во кој се одвива дејството на играта, исконтактирал со професор којшто уште подобро ја знаел римската историја. Професерот, на чуедење на Пирс, исто така бил и гејмер и имал играно преку 2.000 часови на „Гилдворс еден“ и „Гилдворс два“. Тој му помогнал да ја исполира играта. На пример, му кажувал детали за вообичаениот број на столбови во храмовите, па му ја објаснил разлика помеѓу олтар и храм. Исто така, интересен е фактот за бојата на морковите која била виолетова во тоа време, а не портокалова како денес откако се култивизирал морковот.

Потоа, Пирс ангажирал и програмери што ја доработиле играта во Unreal engine. За тоа време изработката ја финансирал со заштедата што ја имал од претходните години кога работел како адвокат. Една од најтешките задачи било да се направи ”lip sync” на ликовите во играта, односно движењето на усните да одговара на тоа што го изговараат. 

Темата во играта е интересна, се базира на авантура и акција иако има само малку насилство – повеќе се базира на дијалози. Протагонистот во играта е заробен во еден ист ден и не смее да дозволи жителите да направат грев – ако еден од нив направи грев сите умираат и играчот е вратен на почетокот од денот. Но, за да не се доживува комплетно истиот ден од почеток и да стане претерано репетитивно дејството, направиле и скратени патишта до веќе завршените задачи.

Играта е многу слична со популарниот филм „Денот на Дабарот“ со Бил Мјури и Енди Мекдауел, каде протагонистот се буди во еден ист ден и го редоживува цела вечност, додека не ги направи работите како што треба. 

Краткиот документарец е одлично четиво за идни или надежни девелопери на игри, за да видат колку и како можат да успеат речиси самостојно само ако се посветат и сработат добра игра од мерак. Играта Forgotten City е оценета со високи оценки на гејминг сајтовите. Таа чини 25 евра на Steam. Додека првично изработениот мод за Skyrim е бесплатен за „симнување” од интернет и досега е „симнат“ преку 3 милиони пати. Сличен ваков успех претходно доживеа и модот за Скајрим наречен Falscаar, исто така направен од еден човек, Александар Ј. Велички. 

Ова е краткиот документарец во кој можете да дознаете повеќе за темата: