fbpx

Адриатик Келменди: Пандемиjaта е најголемиот предизвик за косовското новинарство во последните три децении

-

Како и во секоја друга земја, и во Косово медиумите се погодени од пандемијата. Во интервју за Portalb.mk, Адриатик Келменди, генерален директор на КЛАН Косовa и автор на емисијата „Рубикон“, зборува за предизвиците со кои се соочиле во последните три месеци. Келменди го опишува овој период како најпредизвикувачки за косовското новинарство во последните три децении

 

Како KOVID-19 го трансформираше новинарството во Косово?

Имаше измени кои не сме биле во можност да ги предвидиме, затоа што ситуацијата е сосема нова. На Косово има новинари кои биле во период на паралелна држава, биле во вонредна состојба во периодот на војната, во повоената вонредна состојба, сите до една со свои специфики… Но ситуацијата со пандемиjaта е поразлична од сè, затоа што, што и да сметате дека е непријател на нормален живот, има своја адреса, а во овој случај новинарите и медиуми немаа адреса, зашто вирусот е речиси целосно невидлив непријател, со многу непознати на глобално ниво и е веројатно најголемиот предизвик за нас, како новинари и медиуми.

Зошто најголемиот предизвик? На прво место мораше да се браниме, бидејќи ако си новинар или медиум, можеш да бидеш потенцијална жртва, но како второ, мораш да ги заштитиш оние што зависат од твоите информации, за да не станеш цел на лажни вести. Во овој случај, работата е двојно зголемена и можеби капацитетите се намалија, бидејќи моравме да работиме и во смени, кога некој работеше од дома, некој излегуваше од време на време да работи, имаше и рестрикции на патувањето во градовите, луѓе што беа во карантин, така што сето ова нè натера да се фокусираме на новинарска покриеност за КОВИД, но и да се грижиме за себе.

Исто така, тешко беше да се пристапи до информации од властите, без разлика дали се лекари или агенции за безбедност, иако се обидовме да се осигураме дека ова не се одразува на известувањето. Направени се титански напори за одржување на нивото на одговорност и професионализам.

Какви дигитални методи користат новинарите за да комуницираат со нивните извори и дали мислите дека сега тие се поотворени за комуникација преку дигитални алатки во споредба со периодот пред пандемијата?

Условно, да! Пандемијата ни кажува дека не мора секогаш да бидете на исто место со лицето што треба да го интервјурате, особено на ТВ, каде се потребни снимки. И видовме можност да користиме различни апликации за изведување квалитетни интервјуа, со актери кои не мора да се на местото каде што вие работите, а тоа потоа ги охрабри медиумите да земаат интервју од нивоа што не можеа да се постигнат порано. Технологијата напредувала многу, но не може да ја замени директната дискусија, бидејќи секогаш ќе се изгуби нешто од динамиката, од ритмот, итн., така што ова е една од лекциите од ова време.

Институциите ги користеа и социјалните мрежи

Од Ваша гледна точка, дали институциите и компаниите објавуваат повеќе податоци на интернет од порано и дали забележавте разлика во квалитетот на податоците и информациите?

Да, институциите ги користеа и социјалните мрежи и други дигитални платформи за објавување податоци поради многу причини, но и за да избегнат директен контакт. Во однос на квалитетот, имаше случаи кога заради брзината на реакција, за да не се остави простор за дезинформации, се бараше побрзо да се излезе со информации и тоа понекогаш влијаеше на тој финален производ, кој треба да се провери повеќе од нормалното. Исто така има случаи кога, поради брзање, институциите дадоа брза нецелосна информација, како што е случајот со жена која почина и беше опишана како случај на ковид-19 во Исток, како и други случаи.

Каков е Вашиот впечаток – дали довербата на јавноста во известувањето на медиумите е зголемена, намалена или остана непроменета за време на пандемискиот период?

Не верувам дека тоа може да се оцени сега, оти ние и понатаму сме во пандемична ситуација, иако со полесни мерки. Веројатно ќе има потреба за длабинско истражување. Можам да кажам дека интересот за информирање е многу поголем отколку порано и тоа може логично да доведе до поголема доверба. Тоа го забележавме и од гледаноста, затоа што ја мериме гледаноста на телевизијата во којашто работам и имаше многу поголема гледаност од вообичаеното. Од дистрибуцијата на вестите што ги доставивме, или видеата / емисиите на социјалните мрежи на компанијата, таа се зголеми и се зголеми читаноста на нашиот портал, што значи дека имало зголемен интерес за информациите. Верувам дека тоа е поврзано со довербата, затоа што ако имате доверба во некој медиум, им се обраќате нив за информации.

Притисок врз новинарите, притисок и врз медиумите

Кои аспекти од работата и животот на новинарите се најмногу погодени од пандемијата?

Прв ризик е тој од заболување од вирусот, затоа што како новинари, заедно со полицијата и лекарите, на некој начин бевме во првата линија на фронтот и сме должни да ги информираме другите што се случува со пандемијата, така што одевме да разговараме со луѓе за кои постоеше сомнение дека биле заразени, односноотидовме во општините или во подрачјата коишто беа најмногу погодени и тоа секако нè загрози и нас. Како резултат на тоа, стресот на работа се зголеми, притисокот, излегувањето на терен подолго време, сето тоа влијаше да се зголеми притисокот….

Исто така, медиумите се соочија со престанок на некои маркетинг кампањи, затоа што некои компании прекинаа со работа, активности и исто така ги прекинаа нивните маркетинг кампањи. Тоа веднаш влијаеше врз приходите на компанијата, што влијае на платите или на други трошоци. Она што се случи следно е дека дури и оние компании или организации кои продолжија да рекламираат на ТВ, почнаа да не плаќаат редовно, и тоа претставува дополнителна тешкотија. Добро е што ваквата ситуација не траеше долго и видоа дека медиумите, ТВ-содржините се консумират повеќе од порано. Имаше и други компании кои сметаа дека ваквата ситуација е профитабилна за нив, па почнаа да ги враќаат рекламните кампањи затоа што гледаноста веројатно е двојно поголема отколку во обични ситуации.

 

Протокол за борба пртив дезинформациите

Кои методи во борбата против дезинформациите се практикуваат во косовските медиуми?

Во овие протоколи што ги споменуваме се инсистираше да имаме верифицирани информации од официјални извори. Во ваква ситуации луѓето дејствуваат во паника,  и, кога се исплашени, сметаат дека треба брзо да реагираат, па бевме нападнати со информации од сите страни. Треба да бидеме повнимателни отколку во други околности за да ги верификуваме вестите и да најдеме доверливи луѓе или извори за да ги потврдиме вестите. Значи, секогаш сме повторувале дека: без официјални потврди, ќе бидеме внимателни и нема да не објавуваме ништо, токму затоа што е зголемен бројот на информации што дошле до нашите редакции.

Кои се главните извори на дезинформација во Косово?

-Па, кај нас, тоа е главно на политичко поле. Ние не бевме баш во иста ситуација како други држави, бидејќи имавме политичка криза и потрошивме повеќе време за да известуваме за политички битки и имаше помалку консензус за мерките преземени од владата и општините за справување со пандемијата. Тоа сепак не предизвика директно големи политички дебати, што ќе доведеше до дезинформации околу пандемијата.

Но, има различни луѓе, без разлика дали познати личности со многу следбеници или некои други што се желни за внимание, што сакаат да ги кажат своите теории, често теории на заговор, да раскажуваат алтернативни начини за справување со вирусот и тоа доведе до ситуација тие работи да станат предмет на јавна дебата. Сепак, верувам дека медиумите во Косово, во најголем дел, особено традиционалните како телевизиите, одиграа многу задоволителна улога во информирање на граѓаните и добро е што повеќето од граѓаните избраа да бидат информирани од традиционалните медиуми и да ги следат. Со оглед на тоа што дури и на социјалните мрежи овие медиуми имаат големо присуство, дури и таму доминираа повеќе информации од „официјалните линии“ на новинарството отколку од други лица кои не се повикани да информираат.

Дали интензитетот на дезинформацијата е ист, како и пред почетокот на пандемијата и што мислите за видот на дезинформациите споделени во овој период?

-Верувам дека има неколку промени, но не и по количина. Додека во почетокот имаше повеќе дезинформации за тоа од каде потекнува вирусот, колку луѓе ќе страдаат, сега поминавме во друга фаза. Значи, се смени ситуацијата од страв што ќе се случи со нас, во страв кој го сторил тоа и од која причина. Сега ми се чини дека сме повеќе во втората фаза, кога луѓето почнаа да бидат скептични зошто се преземени сите овие мерки и дали има нешто во заднина околу вирусот.

Зголемена е соработката на медиумите со институциите

Вреди да се напомене дека е зголемена соработката меѓу медиумите и институциите, гледајќи дека тие зависат едни од други и ова може да биде добра работа. Се разбира, не треба да се заборави дека новинарите секогаш треба да ги преземаат официјалните извори понекогаш со резерви и да ги истражуваат на терен, колку што е тоа можно во овие ситуации. Верувам дека ова до одреден степен ја зголеми потребата за соработка во областа на информативните медиуми и институции, без разлика дали беа локална, здравствена или централна власт.

 

Дали сте повеќе загрижени за Вашата приватност сега кога многу комуникации се случуваат онлајн или преку телефон?

Како и секој лек кој има свои ефекти, верувам дека дури и овој лек што го откривме да комуницираме во ситуации кога сте затворени, има негативни несакани ефекти, кои можат да бидат прислушкување или да се користат/ставаат на располагање информации што ги примаме или им ги доставуваме на трети страни. Така, употребата на комуникациска технологија секогаш го зголемува просторот за мешање и да бидеш следен или прислушкуван цело време. Ова потоа го носи ризикот и да биде предмет на злоупотреби.

Автор: Дрен Гргури

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...