Aвиокомпанијата „Адриа ервејс“, привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје.
– Причина за привремениот прекин на летовите е последица на моменталната неликвидност на компанијата неопходна за непречено летање. Компанијата работи на изнаоѓање решенија во соработка со потенцијален инвеститор. Целта на сите засегнати е „Адриа Ервејс“ повторно да лета и дека прекинот на летовите е навистина привремен. Компанијата длабоко се извинува за ситуацијата на сите патници и партнери – се вели во соопштението од „Адриа Ервејс“.
„Адриа Ервејс“ ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети.
Од „Адриа Ервејс“ им препорачуваат на своите патници и партнери да ги следат онлајн соопштенијата на нивната официјална веб страница www.adria.si.