fbpx

АДО, ВИ и човекови права: дали вашиот алгоритам ја почитува приватноста?

-

Што имаат заедничко камерите за мерење на брзината на автопат, царинските и граничните контроли и е-набавката на училишниот инвентар? Сите тие користат некоја форма на процесот на автоматско донесување одлуки (АДО).

Иако АДО не е популарен термин како што е вештачка интелигенција, тој постои веќе некое време. Во минатото, АДО беше ограничен на „филтрирање“, „сортирање“ или други видови на манипулација со податоци, чии резултати потоа беа доставени до донесувачот на одлуки – вистинско човечко суштество кое требаше да ја донесе конечната одлука.

Сепак, со напредокот на технологијата, како и со потребата да се спречи корупцијата и да се ограничи човечкиот елемент во донесувањето одлуки (во многу случаи), се користи полноправно решение за вештачка интелигенција, кое се разликува од АДО на два начина: А) системот „учи“ и се подобрува во извршувањето на својата работа (оттука доаѓа називот интелигенција), и Б) системот донесува одлуки.

Во извесна смисла, алгоритмите ќе продолжат да имаат влијание врз благосостојбата на граѓаните, но дали тие ги земаат предвид нивните вродени човекови права? Каде се граѓанските организации, медиумите и универзитетите во дискусијата за имплементација на пософистицирани технолошки решенија и зошто тие бегаат од дискусија?

На вториот ден од конференцијата е-Општество 2021 година „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, ќе разговараме за зголемениот тренд на користењето на АДО и ВИ во јавниот сервис во последниве години (наречени алГОВритми, алудирајќи на владината употреба) и нивниот ефект врз човековите права. Говорниците ќе ги презентираат своите најнови наоди и препораки и ќе се обидат да ги поттикнат ГО и другите активно да се вклучат во оваа тема.

Регистрацијата за конференцијата е отворена и ги охрабруваме сите да го споделат овој повик со своите колеги: придружете ни се и ајде да разговараме за човековите права и вештачката интелигенција!

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...