ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Истиномер објави видео од нападот врз нивната новинарка на протест во Белград. Нападот предизвика реакции и осуди од новинарските здруженија

-

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од кампот на провладини контрапротестанти пред зградата на Парламентот во Белград.

Како што може да се види на видеоснимката објавена од „Истиномер“, еден маж ја нападна новинарката и ја удри по раката, иако таа носеше новинарска легитимација и јасно се претстави. По нападот, новинарката побарала помош од полициски службеник кој стоел во близина, но тој само ѝ одговорил: „Пазете се, такви се и кон нас.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Istinomer (@istinomer)

ADN-Balkans го осудува овој напад и изразува целосна поддршка за тимот на „Истиномер“ и нивниот издавач CRTA, кои со години се под постојан притисок од страна на српските власти и провладини структури. „Истиномер“ е сертифициран член на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) и Европската мрежа за стандарди во проверка на факти (EFCSN), организации кои се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди во новинарството.

Нападот врз новинарката на „Истиномер“ предизвика реакции и од новинарските здруженија во Србија, вклучувајќи ги Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружението на новинари на Србија (УНС).

Овој случај е само уште една потврда за секојдневната реалност на независните и професионални новинарски организации во регионот на Балканот, кои се редовно цел на физички и вербални напади, сајбер-напади, кампањи за клевета и заплашување поради нивната работа – особено оние што работат на разобличување на дезинформации и отворање јавна дебата за нивното потекло и каналите на нивна дистрибуција.

За Мрежата против дезинформации за Балканот

ADN-Balkans (antidisinfo.net) е мрежа составена од 18 водечки медиумски и тинк-тенк организации од Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција. Нејзината мисија е унапредување на соработката меѓу граѓанските организации, медиумите, образовните институции и сите други релевантни чинители во борбата против дезинформациите преку промовирање на највисоките стандарди на проверка на факти, етичко новинарство, медиумска писменост и критичко размислување.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...