Францускиот претседател, Франсоа Оланд, изјави дека администрацијата на новиот американски претседател, Доналд Трамп, е „предизвик“ за Европа.
Оланд, исто така, предупреди дека Европа е под сè поголема закана од популизам.
– Да бидеме искрени, постојат предизвици што ги создава новата американска администрација, предизвици кога станува збор за трговијата, начинот на решавање на судирите во светот – рече Оланд.
Тој истакна дека е потребно да се разговара со Трамп, затоа што американските граѓани го избрале за свој претседател.
– Но, ние треба да разговараме со него од европска гледна точка, да ги промовираме нашите интереси и вредности – рече францускиот претседател.