fbpx

Адеми: Експертите на УНЕСКО задоволни, преземените активности не се само шминка

-

Mинистерот без ресор и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми по средбата со тројцата експерти од УНЕСКО кои се дојдени во Охрид да направат мониторинг на терен на севкупната состојба на Охридско – струшкото крајбрејжје, истакна дека треба заеднички да се работи за да го сочуваме она што значи природно и културно наследство на Охридскиот регион.

– Експертите се задоволни дека оваа Влада има план и активности околу имплементација на нивните препораки – истакна Адеми.

Во однос на справувањето со дивоградбите како најгорлив проблем, министерот истакна дека во врска со изработувањето на регистарот, прво експертската и стручна јавност треба да направи оценка на влијание врз животна средина, па врз таа основа да се пристапи кон рушење на спорните објекти.

– Во дел на надлежностите кои општините ги имаат, на Влада побаравме од Државниот инспекторат да направи обиколка и увид за да може државата да постапи. Извештај од увидот треба да достават до следната владина седница. Апсолутно не се калкулира предизборно, процесот мора да се исполни. Дивоградбите се најчувствителниот сегмент, бидејќи постојат закони, судови, управни постапки кои се започнати. Сакаме сé да биде според закон – рече Адеми.

Што се однесува до воведениот мораториум за градба, министерот Адеми со став дека истиот не треба да биде укинат сè додека не се усогласи планот со законската регулатива.

Министерот Адеми не се согласува со наводите на екологистите дека преземените активности се само шминка и дека ќе побараат во јуни Охрид да биде ставен на листата загрозени подрачја, бидејќи како што рече сите активности се видливи, а екологистите на средбата со УНЕСКО експертите истакнале дека Владата им прифатила дел од забелешките при изработка на Планот.

– Не мислам дека се прави шминка, не е шминка санацијата на колекторот, формирањето на комитетот, планот е усвоен. Вклучително сами тие според информација од експертите на средба со нив ја пофалиле Владата дека ги прифатила голем дел од нивните препораки и коментари кои ги дале на планот и тоа го поздравија како начин на комуникација меѓу централната власт и невладиниот сектор. Факт е дека сите препораки не се исполнети, но апсолутно не е шминка што покажуваат активностите на терен – истакна министерот Адеми.

Тројца експерти на УНЕСКО од вчера се во посета на Охрид во мониторинг обиколка на состојбата на Охридско – струшкото крајбрежје. Се прави увид на дивоградбите, колекторскиот систем, шанковите и плажите покрај езерото, како и струшкиот појас со трска, а предвидена е и средба со претставници на охридскиот Завод и музеј.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...