Повеќето играчи на играта Crimson Desert кои претходно ја немаат играно Black Desert онлајн, играта од која доста е рециклирано за овој хит во концептот и директни нивоа, развиваат однос кон новата игра во кој истовремено многу им се допаѓа и содржи многу проблематични карактеристики.
Како тешки контроли на играта, борби со непријателите кои се претешки за победување и за искусни играчи на Souls игри, многу багови од различен вид што го лансираат играчот „надвор од мапата при обид за глајдање“, збунувачки тек на приказната и многу спора прогресија низ главната цел и споредни мисии. Дополнително како и збунетост со life skilling карактеристиките.
За најавите на Crimson Desert имаме повеќе написи, а за Black Desert редовни известувања на следниот линк.
Додека истовремено добрите страни што ги сакаат се наративот, акционите борби кои изгледаат супер, отворениот огромен свет и примесите на технологија во средновековен сетинг како индикатор за одминати технолошко развиени цивилизации – што оставиле знаење заклучено зад загатки. Примената на загатки е исто така претерана до тој степен што има и одредени босеви кај кои ако загинете и ги почнете пак не само што треба да гледате иста анимација што не се прекинува – туку мора да се помине и дадена загатка пред да се отвори босот за повторен обид да се помине.
По поплаките на играчите дека е играта претешка – девелоперите веднаш поправија многу карактеристики на пример сега има опција за fast forward мотање на анимации пред босеви за побрзо да се дојде до самата борба, босевите што беа претешки се нерфнати да бидат драстично полесни за победување и се работи активно на тоа да се тргнат чести багови што се случуваат рандомизирано во играта.
Гејмерите го споредуваат овој случај со случајот на играта Cyberpunk 2077 што излезе предвреме и со многу багови –како да извадиле недовршена игра- па со години се надоградуваше со пачови и апдејти за да се исполира каква што е достапна денеска. Но ова не е случајот со Crimson Desert дека тешкотијата на самата игра е моделот употребен за Black Desert на кој повеќето играчи на западни MOO-а не се навикнати да го воспреимат и играат активно, дека бара навистина око за детали и повеќе планирање а и повеќе вештина земено во целост. Практично девелоперите набрзина ја апдејтираа играта –затоа што зазема огромна популарност и беше хајпната до максимум уште пред да излезе. Секако сето ова и покрај неверојатниот број на продажби и предпродажби –влијаеше и на пад на интересот но и на релативно добро задржување на вниманието за играта се уште- особено затоа што во моментот е најголемиот хит за игра со еден играч за која не треба да се користи интернет, но захтева поприлично подобар компјутер за да се осети се што е сработено до максимум во самата игра. Особен предуслов е да се има или понова графичка карта на PC или да се игра играта на PlayStation 5.
Мора да се напомене дека самата игра не е воопшто евтина –и чини 70 евра. И тоа се плаќа без да имате тврда копија од играта со кутија или диск –за компјутер- туку само уплаќате за CD-клуч на сервис како што е на Steam чијшто одржувачи одамна имаат кажано дека можат скроз да го затворат законски по нивна желба или бизнис план ако дојде до тоа- и играчите сите игри што ги купиле во оригинал да им исчезнат тукутака без никакво рефундирање. Тоа стои во договорот за користење на сервисот на Valve наречен Steam.Тенденцијата видеоигрите да се продаваат се поскапо за жал само прогресира –а побарувачката за се подобар и помодерен хардвер се зголемува. Иако морсовиот закон кој што вели дека компутирачката моќ на компјутерите се зголемува двојно секои десет години –многу скоро се очекува да престане таа прогресија бидејќи просто нема нови материјали за чипови и друг хардвер што би издржале поголеми температури на проток на струја.
Но Crimson Desert како феномен игра ја споредуваат со светскиот хит Witcher 3: The Wild Hunt, дека се работи за навистина долгоочекувана игра што е слична иако генерално Witcher 3 беше многу, многу подобра од голем број аспекти. Но загреаноста на гејмерите ширум светот за Crimson Desert сеуште трае, особено затоа што малтене ги надминува сите други Single Player игри излезени неодамна во категоријата на RPG игри, најиграната категорија на видео игри во последниве неколку години.
Ако имавте потешкотии околу разбирањето на гејмерската терминологија во овој напис, ви препорачуваме да го прочитате следниот Водич за RPG термини каде се објаснети детално што-што значи, -на македонски јазик од мноштвото на фрази што младите ги употребуваат кога зборуваат за видео игри.
Се очекуваат и дополнителни адаптации на Crimson Desert за западниот и светскиот пазар и ажурно се реагира да се задоволат желбите и потребите на играчите што веќе ја купиле играта.
