fbpx

Адаптирани тоалети за менструална хигиена за девојчињата, во училишта во Тетово и Ресен

-

Нови тоалети и пакети производи за одржување менструална хигиена ќе добијат околу 300 ученички во две основни училишта во Тетово и во Ресен.

Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје, со поддршка на Британската амбасада ќе ги подобрат условите на тоалетите, а намерата е во иднина да се стандардизираат сите тоалети во јавните училишта.

– Училишните тоалети треба да ги има во доволен број, а во тоалетните кабини треба да има тоалетна хартија и сапун. Тие треба да обезбедуваат безбедност и пристапност и да се лесни за чистење. Во нив мора да има опрема за селектирање отпад – вели Наташа Доковска од Новинари за човекови права.

Ричард Малион, директор на програми во Британската амбасада, рече дека недостатокот на пристап до производи за женска хигиена е епидемија во светот, а ОН го препознава ова како светски проблем на јавното здравје и човковите права.

– Во Велика Британија скоро 50 отсто од девојките не одат на училиште за време на нивниот циклус. Во Северна Македонија овој процент е 90 отсто – рече Малион.

Како што веќе објави „Мета“, цели 90 отсто од ученичките во селата во Македонија отсуствуваат од училиште четири до пет дена во текот на месецот кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат два до три дена поради истите причини. Ова го покажа истражувањето кое го направија Институтот за јавно здравје и „Новинари за човекови права“.

Како причини за ова се наведени несоодветните услови за управување со менструалната хигиена на училиште или работно место, како и високата цена на средствата.

Во ниту едно училиште на територијата на Скопје, Велес и Куманово нема соодветни производи за менструална хигиена (сапун, тоалетна хартија, вода), а нема ниту соодветни места за остранување на отпадоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...