Ад хок телото побара прекршочна постапка против телевизиите „Сител“ и „Нова“

-

Ад хок телото за назор на медиумите со три гласа „за“ и со еден „против“ одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизите „Нова“ и „Сител“ за неизбалансираност во известувањето.

За другите радиодифузери чие известување беше предмет на набљудување, не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик.

Во случајот на телевизија „Нова“, за предлогот на членот Горан Трпеноски гласаа членовите Љубомир Костовски и Љуљзим Хазири, а против беше членот Цветин Чилиманов. Предлогот се однесува на поведување постапка за прекршување на членот 75, став 1 од Изборниот законик. Во образложението се вели дека „се забележува негативно врамување на одредени личности и континуирано известување со позитивна рамка и со позитивен тон за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за носителите на власта“.

На 16 септември се констатира дека во рамки на „Отворено студио“ од 20 часот, водителката се вмешувала со навивачки начин во дијалогот меѓу министерот за финансии и неговиот заменик. Таа настапувала со поостар тон со претставникот на СДСМ, а во функција на поддржувач на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време, на кајронот постојано се емитувани цитати со изјави на министерот, со што се истакнувал неговиот дел од изјавите, што е недвојбено навивачки и може директно да се припише на оној кој ја подготвувал емисијата.

За време на дискусијата по овој предлог беше најавено издвоено мислење на спротиставениот член и беа презентирани информации од страна на телевизија „Нова“ дека партијата СДСМ систематски не ги информирала за партиските активности, одбила интервју со лидерот Зоран Заев и не обезбедувала свои учесници во информативните и во дебатните емисии на телевизија „Нова“, што директно влијаело телевизијата да не може во целост да ги претставува партиските ставови.

Одлуката за поведување прекршочна постапка за телевизија „Сител“ се однесуваше на два члена од Изборниот законик, 75, став 1 и 75 – б, кој регулира објавување на прилози за активности на државните органи во прилог на претставување на политички субјект. За овој предлог на Костовски гласаа членовите Трпеноски и Хазири, додека Димишкова и Чилиманов беа против.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...