Ацо Колевски е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители. На денешното тајно гласање, Колевски едногласно ја доби довербата од 10-те членови на Советот.

Тој ја наследува функцијата од досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, чиј мандат веќе заврши.

Мандатот на новиот претседател на Советот на јавни обвинители трае две години, без право на повторен избор.

Ацо Колевски има искуство од 30 години во обвинителската дејност. Член е на Советот на јавни обвинители од февруари 2018 година, кога беше избран од редот на јавните обвинители.