fbpx

ААВМУ го отфрла тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ ја ставиле во повластена положба за политичките реклами

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) најостро ги отфрла обвинувањата дадени во денешната изјава на портпаролката на СДСМ дека Агенцијата ја става партијата ВМРО-ДПМНЕ во повластена положба и дека на Движењето БЕСА му се нанесува штета.

„Движењето Беса, според листите на кандидати потврдени од Државната изборна комисија е дел од Коалицијата Можеме и според тоа може да добие минути за платено политичко рекламирање исклучиво во рамките на минутите доделени за оваа коалиција“, се вели во соопштението на ААВМУ.

Тие тврдат дека нацрт – верзијата на Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање била изготвена пред речиси четири месеци, по што била отворена јавна расправа. До усвојувањето на Упатството на 19 јуни, ниту СДСМ ниту БЕСА не доставиле какви било забелешки или предлози, додека Упатството е донесено едногласно од сите членови на Советот на Агенцијата.

„Распределбата на времето за платено политичко рекламирање во сегашното Упатство е направена на потполно идентичен начин како и за Претседателските избори 2019 година, имајќи предвид дека важи истата одредба од Изборниот законик. Во тој изборен циклус, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски доби 4 минути, односно двојно повеќе време од кандидатите поддржани од опозицијата Гордана Силјановска и Блерим Река кои имаа по две минути. Тогаш, СДСМ немаше никакви забелешки или реакции во однос на распределените минути, а сега, иако е применета истата логика, изнесува неосновани обвинувања за Агенцијата“, се наведува во соопштението на ААВМУ.

ААВМУ искажува несогласување и јавно и преку реакција до надлежните институции во врска со споменатата законска одредба, која не обезбедува еднакви услови за сите учесници во изборниот процес и не е применлива за различните изборни циклуси. Во иднина, политичките партии, наместо вградување свои решенија, креирањето на изборната легислатива да го остават на професионалците, бидејќи легислативата e еден од најзначајните предуслови за спроведување демократски избори, велат од ААВМУ.

Владејачката партија СДСМ денес ја обвини ААВМУ дека минутажата за платено политичко рекламирање што треба да ја добие Движењето БЕСА незаконски ја дало на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно 14 минути на реален час, максимум 6 минути платено политичко емитување ќе можат да поделат во емитувањето владејачките партии, Коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, како и ДУИ, додека преостанатите 6 минути достапни кај радиодифузерите ќе може да ги искористи Коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...