Поради појавата на непроверени и нецелосни информации поврзани со бројот на заболени од ковид-19 во државава, потсетуваме дека во ваква ситуација точното и навремено информирање на граѓаните е врвен приоритет и од суштинско значење за јавниот интерес, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги (ААВМУ).

„Воедно, забележана е практика надлежни здравствени институции да фаворизираат одредени медиуми и тие први да ги добиваат информациите поврзани со корона вирусот. Агенцијата повторно апелира надлежните органи да дистрибуираат целосни информации до сите медиуми истовремено и на сите да им овозможат еднаков пристап до нив. Во спротивно, тие можат да станат потенцијален извор на дезинформации,“ велат од ААВМУ.

Имајќи ја предвид општествено-одговорната улога, ААВМУ ги повика медиумите, при своето работење да се водат од професионалните новинарски стандарди и принципи, а не од принципот на ексклузивитет.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.