fbpx

ААВМУ ќе истражува колкави приходи остваруваат онлајн медиумите и какво е мислењето на граѓаните за нив

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изготви Студија за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми во земјава. Документот што треба да биде завршен на почетокот од следната година ќе ги утврди вкупните приходи на онлајн медиумите во 2018 година, нивната структура, како и уделот на приходите од рекламирање на онлајн медиумите во вкупните приходи од рекламирање на медиумскиот пазар во 2018 година.

За да се утврди влијанието на онлајн медиумите врз македонскиот медиумски пазар, АВМУ ќе ги следи и трендовите на менување на нивните приходи во последните три години за да се утврди уделот на онлајн медиумите во вкупниот рекламен колач во земјава. Како што се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, предвидената студија ќе ја изработи Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС од Скопје.

Покрај економската анализа, планираната студија ќе има посебен дел за анализа на новите медиуми и публиката преку спроведување на телефонска анкета на репрезентативен примерок за истражување на публиката. На национално ниво ќе се утврдува колку македонските граѓани ги користат традиционалните и онлајн медиумите, за кои потреби најчесто ги ползуваат и кои видови нови медиуми најчесто ги користат. Воедно, со истражувањето ќе треба да се откријат ставовите на публиката за традиционалните и онлајн медиумите од земјава, како и за предностите и недостатоците на онлајн медиумите во споредба со традиционалните печат, радио и телевизија.

„Изработката на оваа Студија е планирана во програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година, а произлегува и од активностите предвидени во Акцискиот план за реализација на Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната медиумска дејност за периодот од 2019 до 2023 година“, се наведува во образложението на АВМУ за изготвување на планираната студија.

Студијата за утврдување на влијанието на новите медиуми врз формирањето на јавното мислење и врз работењето на традиционалните медиуми чини 790.600 денари, договорот со Институтот РЕСИС е склучен на 2 декември годинава, додека крајниот рок за изработка на конечната верзија на студијата е 40 дена од денот на потпишување на договорот.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...