fbpx

Тетово: Две семејства во судир за градбите, потфрлиле општината, инспекторатот и судскиот систем

-

Семејството Шаипи од Тетово се жали дека објект изграден од Џелал Шерифи, кој ги прекршил законските начела, им ја блокира вратата од куќата. Од друга страна, Џелал Шерифи ги одбива обвиненијата тврдејќи дека вратата не била во тоа место во време кога е изграден објектот, пренесува „Порталб.мк“.

Домот на семејствотот Шаипи е изграден во 1982, а дозволата за изградба на објектот, пред нив, за кој што тие тврдат дека има ја блокира вратата е издадена во 2010 и потпишана од страна на тогашниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети. Предметот е доставен на суд од страна на семејството Шаипи, каде е донесена одлука за прекин на градежните активности за период од две години. Меѓутоа, по две години, во 2012, започната е изградбата на објектот.

“По позитивната одлука на Основниот Суд Тетово за да ни “попречи“, другата страна поднесе жалба во Апелационит суд во Гостивар, а од таму ја вратија одлуката и рекоа дека не е пречка туку “вознемирување“. За мене како обичен граѓанин, не знам каква разлика би можело да има, во правниот речник, помеѓу двата поими“, вели Џелал Шаипи.

По локалните избори во 2013, на кои за градоначалник беше избрана Теута Арифи, семејството Шаипи вели дека таа им ветила дека ќе го урне објектот.

“До денес се уште го имаме ветувањето од градоначалничката дека нешто ќе се направи, но залудно. Потоа поднесовме жалба до првостепениот Управен Суд,  и овој суд донесе одлука да се одземе одобрението. Тие повторно поднеле жалба до Второстепениот Управен Суд, и овој судот ја отфрлил првата одлука и рече дека одобрението е во ред“, изјави Шаипи.

Од друга страна, Џелал Шерифи инсистира дека се е изградено со одобрение и документи и дека истото на неколку наврати е констатирано и од судовите.Тој дури вели дека тој им ја препуштил сегашната врата на семејството Шаипи, иако е на негов имот.Тој инсистира дека во време кога е изграден објектот, влезот бил од продавницата во близина во сопственост на семејството Шаипи.

“Се е изградено со потребите одобренија. Еве неколку години се мачиме по судови, изморени сме. Секогаш се констатира дека се е во ред. Колку години по судови и еве се гледа дека објектот стои бидејќи одлуките секогаш им се отфрлени“, вели Џелал Шерифи.

Семејството Шаипи не признава дека го смениле влезот од куќата и велат дека ова подолу бил влезот пред изградбата на објектот.

Во 2016 година градоначалничката Теута Арифи побарала од градскиот инспекторат да се изврши интерна ревизија.

Прекршувањата во текот на градењето на овој објект се констатирани од Одделението за внатрешна ревизија на Општина Тетово во декември 2016 година.

Овие прекршувања биле доставени до Вишиот Управен Суд во Скопје. Исто така е доставен допис во Општина Тетово, дека одземање на одобрението и другите неправилности, се под надлежност на општината и дека тие треба да реагираат.

Истовремено, годинава семејството Шаипи има поднесено друга жалба, но извршителот не сакал да го прифати предметот поради притисоци од непознати актери.

“Повторно поднесовме жалба до Основниот Суд Тетово во 2016 година и судот  донесе одлука да се урнат ѕидовите, да се обезбеди влезот. Меѓутоа поради бројните интервенции одлуката не беше спроведена и извршителот се откажа од предметот. Наша грешка е што сами го повлековме предметот од кај извршителот да го поднесеме кај друг, а со ова сме придонеле да не вреди одлуката на судот. Требало извршителот сам да го пренесе предметот а не ние“, вели Џелал Шаипи.

Семејството Шаипи велат дека три пати поднеле жалба до Државниот инспекторат за Градежништво во Скопје, но дека оттаму им велат дека сите надлежности ги има Општина Тетово.

Редакцијата на „Порталб“ контактираше со инспекторатот. Тие потврдуваат дека таков предмет постои кај овој инспекторат и дека е даден одговор. Меѓутоа надлежниот инспектор е на одмор и не може да ни даде повеќе детали. Од друга страна, Џелал Шерифи ги отфрлува сите обвиненија, дури вели дека во текот на градењето на објектот се повлекол и оставил простор за тротоар.

Сите надлежности за објектите ги има Општина Тетово. Неопходна е одлука од градоначалничката, за да може да се преземе било каква активност.

Но, Општина Тетово сè уште нема пратено одговор на барањето на „Порталб.мк“. за да објаснат зошто и каде има застој во оваа постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...