петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Search Results for: Фросина Кулакова

16 пронајдени резултати

Отворен конкурс за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

април 8, 2026

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“, објавува отворен конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Република Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата


Обвинителството поднесе обвинение против таткото на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова

април 3, 2025

Скопското обвинителство поднесе обвинение и за таткото на Васил Јованов, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, прегазувајќи ја на пешачки премин. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во […]


Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

февруари 16, 2025

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со автомобил. „Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин“, […]


Протестен марш во Неготино во сабота за правда за Фросина Кулакова

февруари 5, 2025

Во сабота е закажан протестен марш во Неготино насловен „Стоп за сообраќајно насилство“ во знак на барање правда за младата Фросина Кулакова. Протестот е организиран од Фејсбук групи креирани од жители на Неготино. Ќе започне во 14 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Протестот е организиран од блиски пријатели на Фросина, и во повикот […]


Утре повторно протест на „Партизанска“, каде што беше прегазена Фросина Кулакова

февруари 1, 2025

Иницијативата „Кој е следен“ информираше дека утре, 2 Февруари, во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење на сообраќајниците, а се повторува и неказнувањето и […]


[ГАЛЕРИЈА] Протест на местото на несреќата: Стотици граѓани ѝ одадоа почит на младата Фросина Кулакова

јануари 31, 2025

Со насолзени очи, цвеќиња и свеќи во рацете и триминутен молк, стотици граѓани попладнево се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на крстосницата со улицата „29-ти ноември“. Дојдоа да ѝ оддадат почит на 22-годишната Фросина Кулакова, која пред два дена го загуби животот на ова место, откако во неа удри автомобил чиј возач возејќи […]


Росица Кулакова: За смртта на Фросина да одговараат и таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска-Стојановска

февруари 2, 2025

За Фросина бараме правда. Бараме одговорност од Зоран Јованов, таткото на Васил кој ја прегази Фросина, а бараме да одговара и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа ниту да изразат сочувство на семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили од социјални мержи. Правда за Фросина мора да има и овој случај да не […]


Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

мај 13, 2025

Основниот кривичен суд Скопје денес му досуди 12 години затвор на Васил Јованов кој со автомобил на 29 јануари годинава ја усмрти 22-годишната девојка Фросина Кулакова во сообраќајна несреќа кај Универзална Сала. Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова по судењето на социјалните мрежи изрази незадоволство од пресудата на кривичниот суд, каде што изјави дека „Ова […]


Протест за Фросина во Скопје: „Валкани пари – смртни последици“

февруари 16, 2025

Неколку стотици граѓани денеска беа дел од протестниот марш за Фросина Кулакова која пред околу три седмици беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди спроти Универзалната сала во Скопје. Токму од ова место започна денешниот марш што го предводеше семејството на Фросина, а беше во организација на иницијативата „Кој е следен?“. Учесниците на […]


Протест за Фросина: Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти

февруари 2, 2025

Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти – на овој начин таткото на трагично починатата Фросина Кулакова попладнево пред македонското Собрание ја сумираше суштината на гневот кој го предизвика нејзината прерана смрт. Илјадници граѓани се собраа во Скопје попладнево на маршот „Правда за Фросина“. Протестот го предводеше токму семејството на Фросина. Нејзиниот татко, Тодор Кулаков, […]


Најавени собири во Скопје и Неготино, граѓаните ќе ѝ оддадат почит на Фросина

јануари 31, 2025

Граѓаните од синоќа на социјалните мрежи повикуваат на мирен собир во Скопје за оддавање почит на 22-годишната Фросина Кулакова, која во средата вечерта загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ по удар од автомобил. Во повиците стои дека граѓанскиот собир ќе се одржи денес во 13 часот на раскрсницата меѓу „Партизанска“ и улицата „29 […]


Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

мај 13, 2025

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на последното рочиште ја призна вината и се извини за делото. Кулакова го загуби животот ноќта на 29 јануари, пред полноќ, кога Јованов, под дејство […]


„Кој е следен?“ повикува на широка граѓанска дискусија за системски промени

февруари 3, 2025

Ситуацијата е сензитивна и поради тоа е неопходно да се пристапи внимателно кон прашањата и проблемите кои беа адресирани во повикот зад овој сенароден граѓански марш. Свесни за потребата од огромни реформи во системот кој буквално секојдневно се покажува како несоодветен, дури и за физичка заштита на нашето здравје и безбедност, повикуваме на отворање на […]


Триесет и шест деца во секунда

февруари 2, 2025

Седете мирни сега, возиме брзо, може да биде опасно, им реков на децата додека возевме на автопатот Тетово – Скопје. Тато, колку брзо возиме, ме прашува шест-годишната ќерка возбудено. Сто километри на час, ѝ одговарам. Колку деца се тоа во секунда? Триесет и шест деца во секунда. Со толкава брзина се движел по булевар „Партизански […]


Протестен марш денеска во 17 часот против неконтролираното возење и неказнивоста

Денеска во 17 часот ќе се одржи протест на булеварот Партизански одреди, кај Универзална сала. Од граѓнската иницијативата „Кој е следен?“ велат дека случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. „Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, […]


Возел брзо, под дејство на алкохол и без возачка дозвола – усмрти 22-годишна девојка

јануари 30, 2025

Дваесет-годишниот возач кој вчера усмрти 22-годишна девојка на булеварот Партизански Одреди во Скопје бил под дејство на алкохол, немал возачка, возел брзо и поминал на црвено. Тој, претходно бил осуден за дрога, но судот го третирал како помлад малолетник. Сега е во притвор и му се заканува затворска казна од најмалку четири години. Како што […]


Страна 1 од 1