fbpx

Груевски: Заев докажа дека власта нема врска со несреќата на Младенов

-

По две години притисок врз власта, со обвинувања и со сомнежи за поврзаност со смртта на новинарот Никола Младенов, денеска Зоран Заев докажа дека власта нема никаква врска со несреќата, рече премиерот Никола Груевски пред малку за вестите на телевизија „Сител“.

Околу барањето за нова истрага за сообраќајната несреќа, Груевски, и како премиер и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изрази поддршка и повика за нова или дополнителна истрага за сообраќајната несреќа. Притоа додаде дека во неа, по желба на семејството, колегите или опозицијата, може да бидат вклучени сите инстанци кои тие сметаат дека би требало да бидат вклучени во истрагата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...