fbpx

МВР: 40 лица ја нападнале станицата во Гошинце!

-

Институците на државата синоќа биле цел на терористички напад. Околу 2.30 часот, група од 40 лица ја нападнале полициската станица во Гошинце. Биле добро вооружени, со маскирни униформи со амблеми на УЧК и говореле на албански јазик, истакна помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

– Четворица полициски службеници, кои биле дежурни, биле заробени. Напаѓачите ги разоружале, ги врзале со лисици, а еден од полицајците бил и тепан. Сето тоа го снимале со камера. Еден од вооружените, кој зборувал на лош македонски јазик со србизми, им се обратил на полицајците дека тие се од УЧК и дека сакаат сопствена држава и никаков Рамковен договор, ниту Груевски, ниту Ахмети нема да ги спасат. Им рекле на полицајците да си заминат, а доколку се вратат, ќе ги ликвидираат. Им ја одзеле опремата, оружјето, радиостаницата и мобилните телфони, кои подоцна ги исркшиле. Еден од полицајците ги одврзал колегите и се упатиле пеш. Додека се движеле, чуле долг рафал. МВР презема мерки за целосно расчистување на состојбата, а поради сериозноста на ситуацијата не е можно да се изнесат повеќе детали – изјави Котевски.

Како што објави „Нова“, лидерот на Достоинство, генералот Стојанче Ангелов, на еден од протестите пред МРТ на почетокот од овој месец, предупредил дека е можен инцидент во липковскиот регион.

Тој тогаш рече дека власта платила 2 милиони евра на Албанци кои немале врска со УЧК за да предизвикаат меѓуетнички судир.

– Тоа се некои криминалци во липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или на армијата и да превизикаат меѓуетнички конфикт, а да нè обвинат мене и Зоран Заев. Затоа се појави монструозното соопштение потпишано од господинот „Нетпрес“ дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Всушност, некој друг подготвувал такво сценарио, а наредните денови требаше да има ескалација. Нивната намера е да го уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките „бомби“ – рече Ангелов на собирот пред МРТВ.

На прес-конвференцијата на МВР реагираа позвавачите на состојбите.

Твитер-заедницата со досетки се обиде да го реалативизира настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...