fbpx

МВР работи на нова кривична против Заев за оддавање државна тајна

-

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение информира дека почнало да работи на нова кривична пријава против лицето кое во рамките на случајот „Пуч“ е осомничено за насилство спрема претставници на највисоките државни органи и за поткуп (Зоран Заев н.з.).

Новата кривична пријава која МВР му ја подготвува на Заев, како што е наведено во соопштението, се однесува на кривичното дело оддавање државна тајна, а во врска со снимките што лидерот на опозицијата ги објави на вчерашната прес-конференција.

„Лицето на вчерашната срамна и недостојна прес-конференција изнесе бројни конструкции и лаги. Тоа што е уште поважно, презентираше детали од договор за донација кој е класифициран со најголем степен на тајност, односно „државна тајна“. Преку својот недоличен настап, осомничениот во случајот „Пуч“ го загрози кредибилитетот на македонските служби, со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија. Освен кон македонските институции, со овој бесрамен чин, беше извршен атак и кон институции на држава, стратегиски партнер на Република Македонија. Тој и практично, неосновано и недолично ја обвини државата Израел дека исплаќала поткуп за да донира средства“, стои во соопштението од МВР.

За ова кривично дело е предвидена затворска казна до 10 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...