Дефект на водоводна цевка остави дел од Скопје без вода повеќе од 12 часа

Од синоќа е прекинато водоснабдувањето во населбите Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона)

-

Повеќе од дванаесет часа граѓаните во скопските населби Водно, Црниче, Пржино и Козле (висока зона) се оставени без водоснабдување, по дефект на потисна цевка што ја снабдува пумпната станица Водно.

Од јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје синоќа соопштија дека дефектот настанал во 22:30 часот на улицата Тодор Александров, поради што е прекинато водоснабдувањето во посочените населби.

Екипите на Водовод и канализација работат на санирање на проблемот, а од таму информираат дека се очекува дефектот да биде целосно отстранет денеска во периодот помеѓу 12 и 13 часот.

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе,...