Кривична пријава за злоупотреба на службената положба во струмичкиот затвор, поранешен в.д. директор наредувал ослободување на осуденици

Тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во струмичкиот затвор и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба на поранешниот в.д. директор, биле заведувани како присутни во затворот

-

Секторот за внатрешни работи Струмица (СВР Струмица)  поднесе кривична пријава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено- поправната установа Затвор „Струмица“ во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.

Тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во струмичкиот затвор и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба на пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Не е точно дека Пактот за иднината значи „целосно предавање на суверенитетот“

Пактот е значајна декларација која ветува акција за подобар свет за утрешните генерации. Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, и понатаму државите ќе имаат свои суверени влади, коишто...